Руле Турс

Руле Турс е приватно претпријатие, кое е основано 1991 година. Слободно може да се каже дека сме едни од пионерите во приватниот меѓународен транспорт на патници, и од тогаш па се до денес одржуваме континуирани меѓународни автобуски линии.

Долгата традиција, квалитетната и професионална услуга Ви гарантираат пријатно патување на сите дестинации на кои сообраќа Руле Турс.

Руле Турс како агенција за превоз на патници одржува линии во рамките на земјата и надвор од неа. Нудиме патнички превоз секојдневно до градовите Тетово, Куманово, Кратово, Пробиштип, Злетово, Велес, Неготино, Гевгелија, Богданци и Дојран.

Што се однесува до патните услугите што ги нудиме надвор од државата, обавуваме превоз на патници со автобуси од повиска категорија, кои го зголемуваат комфорот на патувањето бидејќи се работи за повеќечасовно патување. Во моментов Руле Турс ги одржува линиите до Љубљана, Местре, Нова Горица, како и линијата Скопје – Херцег Нови, со попатните станици во градовите Подгорица и Будва.

Искуствата на патниците укажуваат на голема професионална подготвеност на нашите вработени, кои во голема мера се трудат да овозможат услови за угодно и пријатно патување.