Your browser does not support script
 
 
 
За нас

Од 3ти јануари 2005 оваа компанија почна да стопанисува со новата автобуска станица во Скопје, која ја доби под 10 годишна концесија.

Приватното претпријатие Руле Турс е основано 1991 година. Од тогаш па се до денес одржува континуирани меѓународни автобуски линии. Зад компанијата се 15 год. успешна работа, искуство и знаење. Принципите според кои се води Руле Турс се професионален и пред се одговорен превоз на патници.
Меѓуградската автобуска станица е изградена според високите европски стандарди и во целост одговара на потребите не само на 700000 жители на Скопје туку и на целата наша земја, регионот и пошироко. За ова придонесува модерниот стилски изглед споен со мултифункционалноста на објектот и квалитетната услуга. Пристапот на станицата е направен со влезно излезно решение кое нуди брз проток на автобуси. Во целост почитување на возниот ред и сепарирање на патниците што пристигнуваат и заминуваат.

7 перони за пристигнување и 24 за поаѓање овозможуваат во станицата дневно да циркулираат 450 возила. Во моментов искористеноста на капацитетот е двојно помала што значи дека во иднина автобуската станица може да овозможи континуирано и квлитетно користење на уште околу 250 автобуси. На патниците кои ги користат услугите на меѓуградската станица на располагање им стојат 12 компјутеризирани билетарници. 24 часовен видео надзор. Високо софистициран информатички систем кој овозможува навремено информирање на патниците. Комфорноста и безбедноста на патниците е наш приоритет. За тоа нон стоп на располагање стои будното око на обезбедувањето на станицата. Навременост, точност и ефикаснот е впечатокот кој го добива секој наш комитент. Довербата не се стекнува лесно.

За комфорен престој на патниците се грижи 60 члениот високо професионален персонал. Задоволството на патниците е наш најголем успех. Секој ден 24 часа, 365 дена во годината автобуската станица е отворена за патниците. Во неа има ресторани, туристички агенции и три чекални за пушачи, непушачи и за мајки со деца. Можностите што ги нуди меѓуградската станица за кусо време придонесе услугите да ги користат 79 транспортни претпријатија. Во 2005 г месечно низ станицата поминаа 60 илјади патници, број кој постојано се зголемува. Анализите и фактичката состојба зборуваат дека можат да ги задоволат потребите на автотранспортниот сообракај до 2050 г. Автобуската станица Скопје ги исполни стандардите на модерниот транспорт и воспостави нови критериуми за сите наредни сообраќајни решенија во Скопје и во Македонија.


 
ХОТЕЛИ
Александар Палас
Холидеј Ин
Хотел Карпош
МЕТЕО


www.bas.co.yu


www.akz.hr

 
Mail Login
 
 
 
www.akz.hr www.bas.co.yu
 


by GamaDesign